Денеска истекува ултиматумот на Трамп кон Иран за отворање на Ормутскиот теснец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го даде на Иран за отворање на Ормутскиот теснец истекува денес.

Во меѓувреме Трамп изјави дека Иран може да биде „уништен“ преку ноќ. Техеран го отфрли мировниот план посредуван од Пакистан и ја нагласи потребата од „траен крај на војната, почитувајќи ги ставовите на Иран“.

Новиот рок истекува во 20 часот по источно американско време, во спротивно, како што рече, ќе ги нападне иранските мостови и електрани.

Ормутскиот теснец претрпе неповратни стратешки промени и никогаш нема да се врати во претходната состојба, соопшти Револуционерната гарда. Таа наведе дека во тек се оперативни подготовки за нов безбедносен поредок во Персискиот Залив.