Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информирало Владата за пресудата на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот „Иловица“.
Со пресудата повторно стапува во сила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на минерални суровини на локалитетите во општините Босилово и Ново Село. Од Владата велат дека станува збор за конечна судска одлука која мора да се почитува согласно принципот на владеење на правото.
Според Владата, актуелната состојба е последица на одлуки донесени во 2023 година од претходниот владин состав, по што следувала судска постапка.
Оттаму додаваат дека остануваат посветени на заштитата на јавниот интерес, почитувањето на еколошките стандарди и целосната законитост на постапките, а секое понатамошно постапување ќе се темели на стручни анализи, законски процедури и институционален надзор.
