Денеска нема преговори, туку фудбалски натпревар – Македонија оди во Бугарија по победа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се освежуваат пред натпреварот во Бугарија. Фудбалерите на Македонската репрезентација денеска го почнуваат циклусот натпревари од Лигата на нации. За 11 дена избраниците на тренерот Милевски ќе одиграат 4 натпревари. Во Разград, Бугарија, репрезентацијата ќе ја предводи капитенот Енис Барди. Но што значи за Барди капитенската лента.

„Последен пат кога бев капитен дадов 3 гола“, вели Енис Барди.

Барди е свесен дека ќе биде многу тешко да се одиграат толку многу натпревари за толку краток период, но вели дека екипата има капацитет и квалитет.

„Првиот натпревар е прв натпревар, треба да го дадеме максимумот за да почнеме со “десна нога“ и се надевам дека овие 4 натпревари ќе бидат добри. Иако времето е многу кратко, верувам дека имаме доволно играчи и квалитет за да ги поминеме сите 4 натпревари“, додаде Енис Барди.

Тренерот Боби Милевски како и секогаш е приземен. Вели дека на овие натпревари нема фаворит и дека фаворитот се докажува на терен.

Поради повреда на овој натпревар ќе отсуствува Стефан Ристовски, како и Аријан Адеми.

По натпреварот со Бугарија, Македонија во недела се соочува со Гибралтар, на 9 јуни во Скопје ќе ја пречека Грузија, а на 12 јуни повторно се сретнува со Гибралтар.