Денеска во Собранието Комеморативна седница за годишнината од трагедијата во Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Собранието на Македонија со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи Комеморативна седница за годишнината од трагедијата во Кочани во која загинаа 63 лица.

Првично седницата беше закажана за 16 март, но потоа поместена за неколку дена порано.

Трагедијата во Кочани се случи на 16. март 2025 година кога дојде до пожар во дискотеката „Пулс“, по што загинаа 63 лица, додека беа повредени околу 200 лица.