Деркоски: Никаде не пишува дека може со уредба, со законска сила да се утврди датумот на избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски во „10 минути“ на ТВ21 посочи дека главна работа околу која треба да се врти целата работа е датумот за избори.

„Изборниот законик кажува дека за да организира било што Државната изборна комисија мора да има датум на избори. Во оваа ситуација каде со уредба се прекина дејствието, па сакаат да се продолжи никаде не пишува кој е датумот на избори“, додава Деркоски.

Тој додава дека никаде не пишува дека може со уредба со законска сила да се утврди датумот на избори.