Дерматолозите предупредуваат: Шеќерот е главен виновник за проблемите со кожата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ако сте љубител на слатки работи, тогаш е голема веројатноста да имате и проблеми со кожата, сметаат дерматолозите. Тие предупредуваат дека шеќерот е главен „виновник“ за проблемите со кожата, особено на лицето.

После конзумирање на нешто слатко, телото отпушта инсулин за да се стабилизира шеќерот во крвта, но тоа за последица има црвенила на кожата, и поголема веројатност за воспленија.

Ако имате проблеми со акни, тогаш конзумирањето на шеќер може да ги влоши тие проблеми. Шеќерот одмага на белите крвни зрнца да се борат против воспаленија, и со тоа акните стануваат поголем проблем.

Молекулите на шеќер се врзуваат и на протеините на кожата, процес кој се нарекува гликација.

Ако и алергиите се проблем со кој се борите, шеќерот може да ја влоши ситуацијата. Дерматолозите предупредуваат дека шеќерот предизвикува црвенило на кожата, познато како „шеќерно лице“.