Десетици луѓе починаа како последица на високите температури во Канада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десетици луѓе починаа во последните денови од жештините во областа Ванкувер, на западот на Канада, каде во вторникот беа регистрирани рекордни 49,5 степени Целзиусови, објавија локалните власти.

Најмалку 134 лица починаа ненадејно од петокот до денес во областа Ванкувер на пацифичкиот брег на Канада, која, како и западните САД, се бори со голема топлина.

Температурата е 21 степен над просекот за овој дом на годината во тој дел на Канада.

Во селото Литон, 260 километри северо-источно од Ванкувер, евидентирана е рекордна топлина од 49,5 степени, според метеоролозите.