Вечерва ќе ја дознаеме втората полуфинална двојка на Мундијалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанија против Франција е првата полуфинална двојка на Светското првенство 2026 година, а вечерва ќе ја добиеме и втората. Најпрво во 23:00 часот Англија против Норвешка, а подоцна во 03:00 часот играат и Аргентина против Швајцарија. Победниците од овие два меча ќе вкрстат меѓусебе во полуфиналето.

Англичаните важат за фаворити во дуелот против Норвежаните, меѓутоа Ерлинг Халанд и другарите веќе го елиминираа Бразил, и сега се надеваат дека ќе го продолжат патот на овој Мундијал. Англија, пак, одамна чека трофеј на Светските првенства.

Бранителот на титулата Аргентина ќе се соочи со Швајцарија. И покрај тоа што ја имаат фаворитската улога на овој дуел, сепак, во минатите два меча против Зеленортските острови и против Египет, имаа многу проблеми, и во продолженија и со пресврти успеаја да се најдат во 1/4 финалето. Швајцарците во претходната фаза ја елиминираа селекцијата на Колумбија по изведеувањето на пенали.