Детонации во Лабуништа во време на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каменоломите во Лабуништа и натаму се активни. И во време на коронавирус не престануваат со работа. Тоа може да се види и со денешната снимка каде што се слуша дека тој што го снимал видеото, истакнува како имало силна детонација.

Веќе голем период жителите од тој крај бараат каменоломите да престанат со работа, тоа го вети и министерот за економија Крешник Бектеши, но очигледно е дека тие продолжуваат со работа.

Неколку пати жителите организираа и протести низ селото, но засега истите не вродуваат со плод.