Деца со аутизам – младите родители посвесни, реагираат навреме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кај ова дете е дијагностициран аутизам  и се лекува во центарот за аутизам во Кичево.

На почеток не можело да прави ништо, но сега успева да ги разликува бројките, буквите и плодовите.

Како што може да се види, децата со аутизам прават повторени и неконтролирани движења на рацете, што е и еден од главните знаци на аутизмот, но има  и недостиг на контакт со очи, вели дефектологот Дјелза Челику.

„Пред 2 годишна возраст, кога почнува контактот со очи вообичаено овие деца избегнуваат контакт со очи и со други лица и со родителите  и одат на другиот агол од собата, ова родителите не го сфаќаат како симптом  туку сметаат дека детето им е срамежливо, а тоа е еден од првите симптоми н а аутизмот“, вели Дјелза Челику.

Аутизмот     е нарушување, состојба која не може да се излекува целосно но со разни третмани може да се држи под контрола, иако лекувањето е многу комплексно и долго, вели дефектологот Блендиана Џамбази.

„Има разни третмани кои се користат кај овие деца  зависно од целта што сакаме да ја постигнеме и во која сфера сакаме да работиме повеќе, на пр. Имаме родители  кои сакаат помош  за благосостојбата и здравјето на детето, има  деца кај кои треба да се работи на емоционалната состојба, комуникацијата или социјализацијата со другите деца, има  деца кои не зборуваат  и тука користиме и логопедска терапија, терапија на проблемот и состојбата на телото како и флор-терапија“, додава Блендиана Џамбази.

Предрасудите во нашата земја се причина  многу семејства да не бараат помош и терапија за децата, особено родителите од постарите генерации, а  во последно време овој феномен  е сменет кај младите родители  кои не се колебаат да побараат помош за рано лекување.

„Вообичаено родителите кои имале  дете со аутизам и се помлади, се по  информирани за симптомите и причините  и го праќаат детето на третмани и терапии на дефектолог, но родителите кои се повозрасни не  се толку информирани и се двоумат да ги пратат децата на лекување“, посочи Дјелза Челику .

Аутизмот има 11 главни симптоми кои се разликуваат кај децата до  3 годишна  возраст. Има неколку хипотези, дека аутизмот  може да биде последица на вродени биолошки фактори, стекнати причини, околината  каде што расте детето, но всушност ниедна  не е  конкретно потврдена. Во Македонија бројот на деца  со аутизам   е видно зголемен иако     нема точни бројки, бидејќи  многу од децата не се дијагностицирани.