Детски трауми, растење во насилство – нови напади на Газа, на мета владини и приватни згради

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест годишната Сузи, седум часа била под овие рушевини.

Нејзината куќа во Газа е срушена по израелските напади. Ја изуби мајката и четири браќа и сестри.

Во болница повторно ја споија со својот татко.

Се држат за рака, свесни дека останаа сами.

„Целиот свет се сруши врз мене, но кога дознав дека една од ќерките е жива, се заблагодарив на господ. Таа барем малку ќе ме потсетуа на другите мои ќерки“, истакна Рајад Есхкунтан.

Во Газа нема многу места за безгрижно детство. Овие две сестрии ужуваат во играчките кои ги добија за Бајрам, но играта ја прекинаа звуците од сирени.

Нивниот татко, прави снимки и ги обавува на интернет, како би им го оттргнал вниманието од нападите.

Неколку дена откако го сними ова видео, тој загина во еден од нападите.

Ова дете остана без дом. Се обидува да ги сокрие солзите, и да спаси нешто од покуќнината.

Овие деца се радуваат бидејќи успеаа да ја спасат рибата од својот дом. Овие моменти на среќа, стручните лица велат дека може да бидат долготрајни трауми.

Тешко е да се излечи траумата, па загубата на некој близок, посебно кај децата.

„Не знаев што да правам, се плашев, но не многу. Не знам што да правам, имам само 10 години“, посочи жител на Газа.

Додека ракети паѓаат околу неа, оваа мала девојка се моли. Продува да биде погласна од нив.

Докторите велат дека Сузи ќе се опорави од телсните повредите. Но, за лечење на невидливите, тие емотивните ќе биде потреба подолга нега.