Поранешниот гувернер на сојузната држава Масачусетс, Девал Патрик, денеска соопшти дека ја напушта трката за номинација претседателски кандидат од Демократската пратија. Причината е недоволната поддршка.
-Сметам дека имавме основа да претпоставиме дека може да постигниме подобри резултати, изјави Патрик.
Според него, резултатите од вчерашното гласање се покажале недоволни „за да се добие поволен ветер за кампањата, и да се движеме кон следната рунда гласања. Затоа одлучив да ја стопирам кампањата“.
Патрик е последниот афроамериканец кој учествуваше во изборите. Близок е со поранешниот претседател Барак Обама, но трката ја започна прилично доцна, лани в ноември. Изјави дека ги почитува многубројните демократски претенденти за номинација кои се стремат да го поразат републиканецот Доналд Трамп, но дека допрва ќе се видат акцентите на изборната битка.
