Трамвај што се движел по улицата Цара Душана во Белград излетал од шините и удрил во зграда на аголот од улицата Книќанинова. Според неофицијални информации, има повредени.
Несреќата се случила утрово околу 9:30 часот.
Како што може да се забележи, кабината на трамвајот број 5 била целосно смачкана, а некои седишта биле откорнати од ударот.
Според неофицијални информации, неколку лица се пожалиле на повреди. Екипи за итна помош биле на местото на несреќата, но според последните информации, на местото на несреќата моментално е само полицијата.
Причината за излетувањето на трамвајот од шините била проблем со прекинувачот, изјави сообраќајниот инженер и претседател на синдикатот на Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) „Центар“, Иван Банковиќ.
