СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А. (25) и Р.Ј. (27) од Кочани, како и против Н.А. (22) од Кавадарци, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 30 мај годинава на наплатната рампа кај Кадрифаково. Откако ги забележале полициските службеници, третопријавената проголтала поголема количина хероин во обид да ја сокрие дрогата.
По извршените лекарски прегледи на Универзитетската клиника за токсикологија, било потврдено дека во нејзиниот организам има поголема количина хероин.
По целосното документирање на случајот, СВР Штип против тројцата поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.
