Дезинформации и последиците што ги предизвикуваат – Пендаровски: Дезинформациите носат дестабилизација на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дезинформациите се опасни за државата. Eдна лажна вест може да придонесе за дестабилизирање на државата, изјави Претседателот Стево Пендаровски. Тој додаде дека најдобрата одбрана од ваквата појава е градење култура на критичко мислење, бидејќи токму критичкото мислење ги проверува и преиспитува информациите.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, истакна дека борбата со дезинформациите нема да заврши брзо и дека е потребна соработка со сите актери во земјава.

Младите, возрасните, сите сектори во општеството и Владата треба да се вклучат во борбата против дезинформациите, изјави Бардил Јашари од Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на проектот против негативното влијание на дезинформациите. Јашари вели дека поради развојот на технологијата и големиот пристап до интернет, дезинформациите стануваат уште поопасни и создаваат страв, хаос и конфликт меѓу различните заедници во земјава.

Фани Каранфилова-Пановска од фондацијата „Отворено општество“ пак, вели дека дезинформациите се ендемични и присутни во политиките на сите земји од Западен Балкан.