Собранискиот спикер, Талат Џафери денеска му одговори на пратеникот Халил Снопче за откажувањето на Анкетната комисија каде на дневен ред беше истрагата за Модуларната болница во Тетово и истрагата за несреќата во Бугарија.
-Ова се прашања за кои мислам дека се злоупотребува несреќата на нашите граѓани за дневни политички цели, вели Џафери.
Според Џафери, претседателот на Анкетната комисија Халил Снопче свикал седница на Комисијата на нелегален начин и спротивно на собранискиот деловник. Додава дека несреќата во Бугарија и пожарот во модуларната болница во Тетово се во истражна постапка и пратениците не можат да дискутираат за нив се додека нема епилог од истражните органи.
-Работните тела не можат да имаат истражна и судска функција бидејќи и двете точки за кои се тврдеше дека се разјаснети и разгледани се во судска постапка. Но, потоа треба да биде јасно
дека Талат Џафери во ниту еден момент, никого не брани, ниту има намера да брани некого кој е вмешан и одговорен за она што се случи со конкретните случаи за кои се дискутира, вели Џафери.
Во меѓувреме, вчера претседателот на Комисијата, Халил Снопче тврдеше дека одлуката за откажување на Комисијата е еднострана одлука и претставува прекршок за кој ќе следи одговорност.
-Како може да се откаже состанок кој не само правно, туку и фактички не се одржува? Каде ја наоѓате правната основа за ова? Вие г. Џафери, дали мислите дека сте Уставен суд и како резултат на тоа имате право да поништувате преземени акти и дејствија или имаат за цел да се преземат во обид да се врати назад ситуацијата?, запраша Снопче.
И опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше за тоа што за модуларната болница во тетово и
несреќата во Бугарија каде животот го загубија 60 граѓани, до сега нема никаква информација
ниту одговорност.
