Џафери: Не можам да очекувам во овие околности, покрај кандидат Македонец, Талат да добие на избори!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот претседател на Собрание, Талат Џафери во „Summer Click“ на ТВ21 рече дека лично нема амбиции за кандидат за претседател на државата.

Според него, тоа е нешто неостварливо.

„Да мислите нешто што е неостварливо, затоа што на слободни избори тоа не може да биде. Јас си ги гледам реално работите и не можам јас да очекувам во овие околности, во овој момент, покрај кандидат Македонец, Талат да добие“, вели Џафери.