Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите, коментираше за пожарот во Инспекторатот за животна средина и агенцијата МИА. Командирот на противпожарната единица тогаш истакна дека ниту еден хидрант во зградата не работел, и тоа го отежнувало гасењето на пожарот.
Џафери истакна дека самиот ги проверува ПП апаратите во Собранието.
„Не можам да чекам кој е одговорен, па да прашувам дали тој ги проверил ПП апаратите. Самиот јас ги проверувам“, рече Џафери.
