Џафери во Боговиње промовираше улица, но се соочи со револтот на мештаните поради недостиг на вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Талат Џафери, отиде во општина Боговиње за да промовира улица. Но неколку жители од село Палчиште, заедно со претседателот на месната заедница се пожалија за недостиг на вода. Велат дека се чувствуваат измамени од сите функционери кои им дале ветување.

Џафери одговори дека разговарал со претседателот на Боговиње, но рече дека прво треба да ги разгледа документите.

Инаку проектот за водоводот во Палчиште започна но работите се одолговлекуваат. Градоначалникот на општина Боговиње Бесник Емшиу рече дека ова се случува бидејќи компанијата што работела ја сменила трасата.

За немањето вода. Жителите на Палчиште веќе неколку пати протестираа.