Џафери во „Клик плус“: „Се уште важи договорот 100 дена премиер Албанец“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последните 100 дена од овој владин состав, со Владата ќе предводи албански премиер и овој договор се уште важи. Вака во Клик Плус, изјави првиот човек на Собранието Талат Џафери. Според него, функцијата премиер не и припаѓа на опозицијата, туку три ресори. Што се однесува до пристапот дека сите главни функции на државата ќе ги водат Албанците, според Џафери, тоа е дискриминаторски пристап.

ТВ21: Тогаш ќе имаме спикер Албанец, премиер Албанец, а претседателот е проблем. Или можеби спикерот ќе биде в.д. претседател.

Џафери: Не, не. Нема ДПМНЕ да ја направи таа грешка. Тоа се пристапи кои не сакам да ги дефинирам. Пристапот на искажување страв дека сите ќе бидат, тоа е пристап, да не кажам некој тежок збор, туку е дискриминаторски како мислење.

Џафери објасни што предвидува Уставот кога му завршува мандатот на претседателот на државата.

„Да, предвидено е со устав во таа ситуација спикерот е вршител на должноста претседател на државата и претседава со парламентот. Претседава со парламентарните седници, но нема право на глас во Собрание.“, вели Џафери.

Што се однесува до изборите, со цел претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум, единствениот термин е тие да се одредат меѓу датумите 5 и 8 мај.