Џафери за утре ја закажа седницата за ДДВ и акцизите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата за законите за ДДВ и акцизите за горивата.

Владата попладнево ги испрати измените и дополнувањата до Парламентот. Како што наведе во дописот, овие предлог-решенија треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.