Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија сè уште не покажува вистински напредок кон мирот, осврнувајќи се на извештајот на украинскиот преговарачки тим кој се врати од Соединетите Американски Држави.
Како што објави денес Укринформ, Зеленски синоќа во видео обраќање до јавноста изјави дека преговорите досега не донеле конкретен напредок.
„Денес пристигна извештајот на нашиот преговарачки тим, кој се врати од Соединетите Американски Држави. За жал, сè уште нема вистински напредок – Русија не сака да се движи кон мир“, рече Зеленски.
