Џонсон вечерва најавува ново „заклучување“, Британија се враќа на мерките од март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон вечерва ќе најави ново „заклучување“ во цела Англија. Тоа би биле слични мерки како оние во март 2020 година.

Во извештајот на „Би-Би-Си“, се вели дека овие мерки ќе ги затворат училиштата, а на вработените ќе им биде наложено да работат од дома, освен ако за тоа не постојат можности.

Џонсон ќе се обрати и пред граѓаните, а тоа би било околу 20 часот.

Мерките би требало да стапат во сила од полноќ.