Поради голем прекин на интернет, голем број веб-страници, онлајн игри и апликации имаат проблеми, објави Скај њуз .
Меѓу нив се Amazon, Snapchat, Roblox, Coinbase и Vodafone .
Проблемите започнаа утрово, а се чини дека причината се проблеми со веб услугите на Амазон.
Според „Даундектор“, кој ги следи поплаките за веб-страници и веб-услуги кои не работат, се гледа ненадејната и широко распространета природа на прекините. Само во САД се пријавени повеќе од 2.000 прекини на веб-услугите на „Амазон“.
Компанијата соопшти дека забележува „зголемена стапка на грешки и доцнења кај повеќе од услугите на Амазон.
„Активно сме ангажирани и работиме на решавање на проблемите и откривање на причината. Ќе објавиме ажурирања за 45 минути или порано ако имаме дополнителни информации за споделување“, велат од Амазон.