Ѓорѓиевски: Првото полувреме го добивме убедливо, но натпреварот не е завршен – во вториот круг да ја потврдиме победата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по првиот изборен круг им се заблагодари на граѓаните, и кажа дека кампањата сега ќе продолжи уште посилно.

„Резултатот е јасен – Скопје гласаше за работа, за визија и конкретни проекти. Од дното на срцето ви благодаран за секој глас, за секоја подадена рака и за огромната доверба која ми ја дадовте во првиот круг. Пред нас е втор круг. Првото полувреме го добивме убедливо, но натпреварот не е завршен. Победата мора да ја потврдиме и да ја направиме уште поголема. Сакам да понудам соработка со сите кандидати и политички струтуктури кои не влегуваат во вториот круг, затоа што на Скопје му треба работа, а не политика“, рече Ѓорѓиевски, и ги повика граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг.

„Ова е битка за развиено и функционално Скопје. Да ја добиеме заедно“, порача Ѓорѓиевски.