Дијаспората во акција, се попишале 99.409 иселеници, некои сè уште имаат проблеми со самопопишувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со разни пречки продолжува пописот на дијаспората. Но иселениците не се откажуваат. Во последните 24 часа се попишале 11.504 иселеници. Така бројот на самопопишани достигнал 99.409. Иако до сега поминаа 3 недели од почетокот на пописот на населението кое живее надвор од РСМ, некои од граѓаникте се жалат дека имаат проблеми при самопопишувањето.

„Неколку пати имаме проблем со попишувањето, матичниот број и емајл адресата. Минатиот понеделник имавме проблем со верата и јазикот што го зборуваме и се’ се враќа од почеток. Имам и неколку пријатели и роднини кои сакаа да се попишат но и тие имале проблеми како овие што ги спомнав. Значи, од почеток се враќа, се обидуваме повеќе пати но немаме шанси да се вклучиме и да дадеме детали за да ни биде прифатено попишувањето.“, вели Мухамед Реџепи.

За да им излезат на помош на лицата кои наидуваат на тешкотии при пописот, се пријавиле многу доброволци. Еден од нив е и Касами кој живее во Швајцарија и вели дека им помогнал на околу 1000 иселеници да се попишат.

„Има околу 500 случаи кои директно тука или се околу 500 случаи кои преку телефонски повик или други форми им помагавме и ги упатувавме за пописот. Насекаде, не само во Швајцарија, туку и Австрија, Германија и секаде каде што има интерес.“, вели Касами.

Освен техничките проблеми, проблем е и тоа што некои опции се уште не се преведени на албански јазик.

„Полињата за образование не се преведени. Таму има една доста долга листа што се појавува на екранот и треба да бараш и бараш за да избереш, ако имаш на албански јазик можеби приближно ќе ја опишеш професијата. Меѓутоа е само на кирилица.“, рече Касами.

Касами вели дека многу граѓани откако ќе го кодот за самопопишување на емајлот каде пишува дека попишувањето е успешно, мислат дека ја завршиле обврската а всушност тоа е само првиот чекор кој го овозможува попишувањето. Пожелно е иселениците да се попишат од компјутер бидејќи многу проблеми кои произлегуваат од попишувањето од телефон, додава тој. Инаку дијаспората има право да се попише до 21 април а пописот на граѓаните резиденти на Северна Македонија почнува на 1 април и ќе трае три недели.