ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од првиот круг претседателски избори.

Во вториот круг на 8. мај одат Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ. Силјановска-Давкова освои 363.086 гласови, додека Пендаровски 180.500 гласови. Не се обработени само три избирачки места.

На три места во Куманово гласањето било прекинато поради технички проблеми, но нема да има прегласување.

Од ДИК соопштија дека тече рокот од 48 часа за приговори.