ДИК почна да ги објавува бројките од вториот изборен круг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Според податоците објавени на веб апликацијата на Државната изборна комисија, од обработени околу десет отсто од гласовите, кандидатите за градоначалници на СДСМ и коалицијата водат во Кочани, Старо Нагоричане, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Ново Село, Лозово, Росоман, Зелениково, Чашка, Долнени и Дебарца.

ВМРО-ДПМНЕ има предност во Кратово, Ранковце, Македонска Каменица, Пехчево, Радовиш, Гевгелија, Охрид, Ресен и Битола.

ДУИ води во Теарце, Желино, Боговиње, Кичево и Струга, додека кандидатите на АА/А имаат предност во Гостивар, Врапчиште и во Дебар.

За останатите општини, каде што денеска се избираа градоначалници, ДИК засега нема објавено резултати.