Димитриевска-Кочовска: Пресметките велат дека ќе има сериозно зголемување на цената на струјата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска-Кочовска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека поради поскапувањето на електричната енергија во текот на минатата година. поскапеле и многу други продукти.

„РКЕ на 1-ви јули секогаш носи одлука за цената на електричната енергија, минатата година не ја донесе затоа што имавме избори и беше некоректно да го направи тоа после избори, да ја зголеми струјата. Ние прво нешто што направивме после тие избори беа протестите токму против поскапување на струјата. Не случајно го направивме тоа бидејќи ние знаевме дека тоа ќе повлече поскапување на многу други производи“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа додава дека проекциите велат оти ќе има сериозно зголемување на цената на електричната енергија.

„Има 1 милијарда загуба за 2020 година, очекувањата се дека ЕЛЕМ ќе бара повисока цена, бидејќи производните трошоци кај ЕЛЕМ очигледно се зголемиле и како резултат на тоа и продажната цена ќе биде повисока“, вели Димитриеска-Кочовска.

Во продолжение целата изјава: