Голем пожар во Норвешка, изгореа повеќе од 50 куќи (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но засега нема извештаи за жртви или исчезнати лица, соопштија спасувачките служби.

Според извештаите, напорите за гаснење на пожарот биле попречени од силниот ветер, објави Ројтерс.

Густ црн чад ја покри областа околу 50 километри западно од Осло, а пожарот зафати населба со низа поврзани куќи.

Најмалку 60 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот, а дополнителни сили пристигнале од околните области, а биле ангажирани и хеликоптери.