Димитриевски: ДУИ вршеше притисок кон СДСМ, ВЛЕН ќе биде фер коалиционен партнер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за сегашната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Во минатата коалиција ДУИ вршеше притисок врз СДСМ, и гледаме дека тоа го признаваат, но тоа е нивна работа. Ние следејќи ја желбата на граѓаните, бидејќи и во самата кампања добив барања од граѓаните да обезбедиме едно стабилно мнозинство на македонскиот блок, и да се најде фер партнер репрезент од етничките албански партии, во овој случај тоа е ВЛЕН“, рече Димитриевски.