Димитриевски го повика Ахмети – „дојди да запееш во гимназијата „Сами Фрашери“ и види ја состојбата“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога го виде ова видео од првиот човек на ДУИ, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го повика Али Ахмети да оди да запее во техничкото училиште и гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и да види во какви услови учат учениците Албанци.

Димитриевски ја обвинува власта бидејќи не го решила овој проблем. Според него, недостига волја, бидејќи доколку имаше такво нешто, дислокацијата и новиот објект за гимназијата Сами Фрашери и  за техничкото училиште,  паралели на албански јазик одамна ќе беа направени.

Проектот од општина го чека и министерот за образование Јетон Шаќири. Вели дека средствата за објектот се доделени и кога ќе пристигне проектот, во законски рок од 10 дена ќе ја организираат постапката за избор на економски оператор за изградба на училиштето.

„Општина Куманово до денеска достави одобрение до Министерството за образование за  делот од зградата што треба да се гради, а од Министерството доби позитивен одговор. Останува да се дизајнира финалниот проект, тој не е доставен до овој момент. Ја користам можноста да го направам најдоброто за градот Куманово, бидејќи за оваа година од буџетот на Министерството за образование се издвоени околу 60 милиони денари за таа институција, но и за следната година се предвидени 70 милиони“, вели Јетон Шаќири.

 Повеќе од 20 години гимназијата Сами Фрашери и техничкото училиште во Куманово чекаат да добијат нов објект. А учениците по медицина учат во бараки поради недостигот на простории.