Димитриевски: МВР да каже каде е злоупотребата, ќе поведам и постапки за лицата вклучени во овој случај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски беше гостин во центарлното издание на вестите на ТВ21. Тој рече дека очекува да биде отфрлена кривичната пријава против него, и дека ќе поведе постапки за одговорност.

„МВР треба да се произнесе каде е злоупотребата. Имаме класичен пример каде што изјавува едно, но суштински се прави друго. Слушнав дека техничкиот министер за внатрешни работи дека е извршена конфискација од страна на инспекторите на МВР Куманово, а од друга страна имаме информација од ОЈО дека во предметот нема елементи за кривично дело, а МВР процесиура кривична пријава. Но јас верувам дека оваа кривична пријава ќе биде отфрлена, затоа што има аргументи за такво нешто. Секако ќе поведам постапки за одговорност за сите во овој случај“, рече Димитриевски за ТВ21.