15 пожари низ Македонија, 5 се активни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 20.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, а изгаснати се 10 пожари.

Активни: 5
Општина Охрид: с. Велмеј – ниска вегетација.
Општина Липково: с. Опае – ниска вегетација.
Општина Липково: с. Слупчани – ниска вегетација.
Општина Куманово: с. Бељаковце – ниска вегетација.
Општина Теарце: с. Лешок – ѓубре.

Изгаснати: 10
Општина Липково: с. Оризаре – стрниште.
Општина Желино: с. Групчин – ѓубриште.
Општина Желино: покрај патот Желино – Групчин – ниска вегетација.
Општина Велес: под Железен Мост – ниска вегетација.
Општина Кичево: с. Зајас – стрниште.
Општини Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (општина Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.
Општина Врапчиште: с. Врапчиште – ниска вегетација и грмушки.
Општина Ранковце: с. Гулинци – стрниште и ниска шума.
Општина Сарај: с. Крушопек – ниска вегетација.
Општина Гази Баба: ул. Индустриска – ѓубриште.