Димитриевски не ја чекаше СДСМ, ќе биде независен – СДСМ: Не е добра опција, им врти грб на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски ги собра потребните потписи. Откако виде дека нема да биде кандидат на СДСМ за Куманово. Кога виде дека не е дел од планот на партијата, одлучи сам да се трка за Куманово. На прес конференција од кумановци побара уште еден 4 годишен мандат, а рече дека е задоволен од поддршката која му ја дале граѓаните досега.

Димитриевски рече дека нема точна информација зошто не добил поддршка од лидерот на партијата Зоран Заев, но истакна дека одлучил да излезе како независен кандидат по барање на граѓаните и голем број на социјалдемократи. Но дали тоа значи дека ќе замине од СДСМ?

За кандидатурата на Димитриевски реагираа од СДСМ. Велат дека со таа одлука Димитриевски им го врти грбот на граѓаните.

„СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро. Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци. За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или било чиј друг личен интерес“, истакна СДСМ.

Во Куманово како кандидати на СДСМ се 2 членови на партијата, пратеникот Мартин Костевски и директорот на АД „Водостопанство“ Оливер Илиевски. Илиевски  веќе објави дека ќе се кандидира за Куманово, а на Фејсбук веќе ја почна и изборната кампања.

На некои фотографии на социјалните мрежи, Костевски може да се види како реализира средби со кумановци. Речиси две децении со Куманово раководеше СДСМ. Претходник на Димитриевски беше Зоран Дамјановски. Од друга страна, македонската опозициска ВМРО-ДПМНЕ ја објави својата кандидатура за градот Куманово, каде овој пат ќе се трка со актерот Тони Михајлоски.