Димитриевски: Не прогласуваме мораториуми, затоа што не напаѓаме политички субјекти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Како партија не прогласуваме мораториуми, бидејќи немаме намера и не напаѓаме политичи субјекти, водиме позитивна кампања, рече денеска лидерот на  Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и претседателски кандидат Максим Димитриевски  коментирајќи ја изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во која прогласи мораториум за ненапаѓање во рамки на изборната кампања.

Димитриевски во изјава по средбата со граѓани во Скопје, во однос на повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување на македонско национално единство, посочи дека по завршување на изборите, пред да започне какви било преговори, движењето планира да излезе со декларација за дефинирање на, како што рече, „македонските црвени линии“.

– Во однос на изјавата на преседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој што прогласи мораториум за ненапаѓање и повик за национално македоско единство би сакал да посочам дека ми е мило што конечно сите тие субјекти кои се претставуваат како големи субјекти ја сфатија суштината и заложбата на ЗНАМ. Мене ми е мило што конечо од првиот момент ЗНАМ како нов политички субјект најави дека по завршување на парламентарни избори пред да влезе во договори и преговори со идните коалициски партнери ќе излезе со една декларација за дефинирање на македонските црвени линии и де факто потврдување на македонска национална платформа . Тоа би значело повисоко ниво на соработка на мултикултурен и мулитетнички план.  Денешната состојба која никогаш не била полоша е резултат на владеење на два политичка субјекта од македонскиот блок и еден од албанскиот блок а тоа е ДУИ и ваквите повици не можат никого, ниту колективно, ниту индивидуално да се изземат од каков било вид на одоговорнсот за се она што е направено во претходниот период, порача Димитриевски.