Димитриевски: Одигравме слабо прво полувреме, во второто се прикажавме во најдобро издание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, беше разочаран по денешниот пораз од Украина во 2. коло на Европското првенство.

– Одигравме послабо прво полувреме. Во второто се прикажавме во најдобро издание на ова Европско првенство. Треба да се бориме до крај и да се обидеме да направиме поволен резултат на третиот меч. И во Холандија одиме со цел да се прикажеме во најдобро светло и со можност да освоиме бод или да победиме, рече Димитриевски.

Тој во 84. минута му одбрани пенал на Руслан Малиновски, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот (1:2).

По две кола „црвено-жолтите“ се без бод и само со теоретски шанси за пласман во следната фаза.