Димитриевски: Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави е велепредавство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Белгиски суд донесе одлука дека носењето маска на јавно место е неуставно

Основниот суд во Брисел пресуди дека обврската да се носи маска на јавно место како противепидемиска мерка е неуставна. Ова...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 286 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Општина Центар ќе додели 400.000 денари за помош на Петриња во Хрватска

Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари...

Најзадоволни од професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економисти и правници

Над 70 отсто од економистите и над 50 проценти од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на  Brainster. На...

Без вода корисниците од повеќе улици од Скопје

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“, информираат...

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил пишува дека парафразирањето на специјалниот претставник за Бугарија, екс премиерот, Владо Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство.

„Обидот на мала врата да се пласираат теориите дека за Бугарската страна е прифатливо дека Македонскиот народ постои од 1944 година е само потврдување на тезите дека ние сме вештачка творевина. Ваквите изјави се спротивни на Македонските национални интереси и позиции, воедно спротивни и на Уставот и неговата Преамбула која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и Референдумот од 91ва“, пишува Димитриевски.

Тој додава дека во историјата на Македонија ваквите тези ги користеле изолирани поединци претставени од врховистичката пропаганда предводена од Ванчо Михајлов.

„Денеска во 21ви век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен Премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги. Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска поддршка од мене а верувам ниту од членството а најмалку од јавноста“, посочи Димитриевски.