Димитров: Најава за лидерска средба нема, но се вложуваат напори за да се постигне консензус за датум за избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров кој воедно е и носител на листата во ИЕ 1 на СДСМ денеска по координатовната средба со кандидатите за пратеници по новинарско прашање дали има најава за нова лидерска средба кај претседателот, истакна дека најава нема, но може да се каже дека има комуникација и се вложуваат напори да се постигне консензус.

„Нема во моментов договор за нова лидерска средба, мислам дека може да се каже дека има комуникација и се вложуваат напори да се постигне консензус. Меѓу нашите свети начела е да имаме демократија и многу е важно сите политички чинители да излезат на тој изборен мегдан. Треба да мислиме на државните интереси во овој период. Да потсетам дека предвремените избори практично се иницираа на барање на опозицијата, тогаш контекст беше недонесувањето на зелено светло во контекст на одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори“, посочи Димитров.

? [ВО ЖИВО] Изјави на носителите на листа за пратеници за ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров и Мила Царовска

? [ВО ЖИВО] Изјави на носителите на листа за пратеници за ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров и Мила Царовска

Gepostet von TV21 am Samstag, 23. Mai 2020

Димитров и Мила Царовска денеска имаа координатовна средба со кандидатите за пратеници од оваа изборна единица.