Димитров за враќањето на политичката сцена: Брзо ќе ја информирам јавноста како ќе делувам!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 неодамна објави дека поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров се подготвува да промовира Движење или политичка партија.

За ова го прашавме и во денешната емисија „10 Минути“ на ТВ21 каде беше гостин.

Тој потврди дека се подготвува, но истакна дека наскоро ќе ја информира јавноста како ќе делува.

„Така што не би можел сега, тој план да го обзнаам баш денес. Тоа што можам да го кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, работите не ни се добри во државата, тој проблем нема да го решат, можат само да ни помагаат нашите пријатели… Политичките партии нема едно утро да се разбудат и да кажат малку претеравме, можеби треба на друг начин да ја водиме политиката. Граѓаните ќе мора да ги натера тоа да го прават“, порача Димитров.