Силното невреме кое вчера ја зафати Струмица предизвика материјална штета, а потпорен ѕид се урна врз автомобил, информираат од Фејсбук-страницата „Струмичко“.
Од објавените фотографии се гледа дека делови од ѕидот паднале директно врз возилото, при што е предизвикана материјална штета.
Невремето во Струмица и околината беше проследено со силен ветер и обилни врнежи, а на повеќе места беа регистрирани проблеми и материјални последици.
