Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни кои се аргументите на работодавачи за тоа дека не можат да издржат минимална плата од 450 евра.
Тој вели дека минималната плата е интересна само во поглед на заштита на најниско платените работници односно оние со најскромни знаења, способности, школска спрема.
„Таа не треба да биде репер за останатите работници. Проблем е кај компаниите кои работат во труд-интензивните дејности со ниска додатна вредност. Ова би предизвикало доведување на поголем број на работници со минимална плата од повеќе категории, а мислам ќе се случи и кај јавниот сектор да неколку категории работници земаат иста плата што ќе ги демотивира добрите работници“, вели Ангелов.
Според него, не е само да се зголеми минималната плата, туку мора да се најде и зголемување на другите плати.