Изборите беа главната тема на вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 во кое гости беа Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Андреј Петров од СДСМ.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со ДУИ на следните избори, Димовски одговори:
„На ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде наједноставно да се договори со ДУИ, но тоа ќе биде амнестирање на криминал, а целта не е тоа, и ќе се спротивставиме на било какви тендеции. Наједноставно би му било тоа коалицирање. Од друг аспект немаме ние проблем, напротив, ВМРО-ДПМНЕ во чиј мандат го добивме позитивниот извештај, визна либерализација, резултатите кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи кон патот на ЕУ се видливи и јасни, и покажавме дека сме на таа патека, ако некој има дилеми. Во односите со албанските политички партии ќе мора да се разбереме на човечко ниво. Ќе мора во иднина да се разбереме со нашите сограѓани Албанци, дека поддршката за меѓусебни култури и идентитети мора да биде взаемна. Да се разбереме и да си подадеме рака“, изјави Димовски.
Целата изјава низ видео: