Димовски: Појавата на Левица е силна порака за ВМРО и СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот пратеник Илија Димовски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека појавата на партијата Левица е силна порака за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Многу силна порака, и бројот на гласови коишто ги освоија двете партии и појавата на Левица е многу силна порака и јас се надевам дека ќе ја сфатат пораката“, вели Димовски.