Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска која е позитивна на коронавирусот, ќе биде разрешена поради непочитување на препораките за заштита и ширење на коронавирусот. Ова го потврди министерот Венко Филипче на прес-конференцијата во 16:00 часот.
„Одговорност мора да има. Ова е загрозување на јавното здравје“, рече министерот.
Таа пред пет дена се вратила од Италија, но наместо да биде во изолација, се јавила на работа.
Случајот со Биљановска не бил пријавен претходно како што се шпекулираше во јавноста.
Министерот Филипче утринава на прес-конференција соопшти дека е разочаран поради непочитување на препораките издадени од министерството од еден лекарски работник кој се вратил од ризично подрачје.
