Обвинетиот во случајот со убиствата на Вања и на Панче, Влатко Кешишев денеска во Судот објасни за писмото во кое тврди дека Палчо не е убиецот на Вања и Панчев, туку тоа бил Велибор Манев.
Кешишев пред судот денеска рече дека тоа писмо му го дал Палевски додека се возеле во комбе до судот.
Директорот на затворот Шутка Бобан Утковски во изјава за Слободен печат тврди дека немало никакво предавање на писмо помеѓу Палевски и Кешишев.