Oвeн – Немојте да одите на сто страни одеднаш, намалете ја импулсивноста затоа што таков начин на функционирање ќе ви донесе грешки и пропусти. Може да очекувате помош и поддршка од соработниците. Ако сте слободни, ова е добар ден за излегување и дружба со пријателите. Можни се нови познанства, симпатии…
Биĸ – Нема причина за брзање. Ќе има време и стабилен прилив на енергија да го довршите сето она кое сте го започнале, а можеби и на другите да им пружите помош. Слободните да се посветат на личен развој и на зајакнување на самодовербата, и така љубовта ќе се појави.
Близнaци – Ќе има нервози и напнатост, првенствено поради временските рокови. Ќе мора да се прилагодувате повеќе од што сте очекувале. Во љубовта, проверете дали вашите визии и визиите од другата страна се поклопуваат кога станува збор за развој на врската.
Paĸ – За некои од вас ќе стигнат поволни вести кои долго сте ги чекале, додека други ќе добијат заслужени признанија или пофалби во вид на некоја парична награда. Ако имате потреба да се поверите на пријател, очекувајте поддршка и разбирање.
Лaв – Напорен ден е пред вас. Немојте да дозволите другите со своето однесување да ве „извадат“ од такт. Ништо нема да добиете ако реагирате. Во љубовта, двајцата покажувате знаци на сомнеж и недоверба, па следете го однесување ваше и на другата страна.
Дeвицa – И денеска би можеле да очекувате доста работа околу комуникацијата и договорите. Можеби да добиете неочекувана поддршка на надредените поврзана со некој предлог, нешто иновативно. Тешко дека со вашата сакана личност денеска ќе бидете на иста бранова должина.
Baгa – Договорите нема да одат онака како што сте замислиле, иако ќе биде присутна потреба за компромис и од ваша и од другата страна. И тоа се случува, само без нервоза. Изненадувачко интересно познанство е можно денеска преку социјалните мрежи или на некој собир.
Cĸopпиja – И денеска ќе мора добро да ги засукате ракавит за да го приведете денот на задоволувачки начин. Изненадувања ве очекуваат на љубовното поле, но оние пријатни. Може да се случи љубов на прв поглед.
Cтpeлeц – И овој четврток носи напнатост и потенцијално нетрпение да ги завршите одредени обврски што побрзо и полесно. Немојте да брзате, особено во носењето на одлуки. Може помалку да бидете нетолерантни денеска во љубовното поле. Обидете се да го контролирате своето однесување.
Japeц – Иако бројни ситуации ќе бараат извесни забрзувања, не е лошо да побарате помош од некој од соработниците за да завршите се на време и без грешка. Немојте да дозволите на другите да ви се мешаат во вашите интимни работи.
Boдoлиja – Напнатост, брзање и тензија… Обидете се да се контролирате колку што можете. Не е поволен момент за импулсивни одлуки. Во љубовта, се може да решите ако постои волја и желба, па немојте да дозволите некои моментални несогласувања да го реметат вашиот однос.
Pиби – Бидете малку трпеливи ако е можно, затоа што многу брзо некои ситуации би требало да се покренат во некои конкретни и поволни акции. Слободните и натаму би можеле да бидат во искушение или да почнат некоја авантура со личноста со која се познаваат веќе некое време. Емоции има, играјте на ризик.
