Дневен хороскоп за недела (05.05.2024)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Oвeн – Позитивна енергија и добро расположение ве следи овој ден и ќе ве поттикне со занимавање на некоја спортска активност. Во љубовта ситните несогласувања занемерете ги, немојте себе да си го комплицирате животот, занимавајте се со убави работи и суштината на вашата врска.

Биĸ – Рутинско одработување на секојдневните обврски ве очекува денеска, што ќе ве опушти. Одличен ден на љубовното поле. Послушајте го своето срце и посветете се на вашата мила личност со многу нежност.

Близнaци – Без оглед на големите обврски, имате конкретни шанси се да одработите на задоволувачки начин со помош на блиски лица. Во текот на овој ден ситуацијата на полето на вашите љубовно односи најверојатно ќе остане на исто ниво како и претходниот ден.

Paĸ – Ова е денот кога ќе можете преокупација да најдете во некое хоби или дружење со пријателите, роднините. Многу добар ден за љубовни акции, без оглед дали се работи за одржување на постоечките партнерски односи, или е во прашање на освојување на нови симпатии. Бидете одлучни.

Лaв – Доста обврски ве очекуваат во следната седмица, затоа подгответе се на време и искористете го овој ден. Денеска на многумина би ви значела поддршка и разбирање од саканата личност.

Дeвицa – Посветете се денеска на интересите кои ви претставуваат задоволство и добро да се чувствувате. Работата може и да почека. Бидете романтични и нежни и израдувајте ја со некој убав подарок.

Baгa – Овој ден е како порачан за најтипичните преставници на овој знак да се посветат на деталите поврзани за развој на нови креативни идеи. Поволен ден е пред вас да уживате во флерт, а за некои сериозни варијанти потребно е добро да се распрашате за личноста која ве интересира.  

Cĸopпиja – Потрудете е да одработите се што имате од обврски кои досега сте ги запоставиле. Обидете се да прејдете преку крупни проблеми и немојте дополнително да ги комплицирате работите. Тоа не ви е потребно.

Cтpeлeц – Многу добро ќе се изборите со непланираните обврски. Остатокот од времето треба да го посветете на себе и добро да се одморите. Сомнежите и дилемите кои ве оптоваруваат во љубовта ќе ги решите со директен и отворен пристап.

Japeц – Прилично опуштен ден е пред вас, да уживате и евентуално да помогнете на некому од домашните. Ништо капитално ново нема во најава во љубовната сфера. Ќе ви годи фамилијарна атмосфера.

Boдoлиja – Поволен ден за усогласување на вашите желби и амбиции, но немојте да почнете со нови работи додека не ги завршите старите. Поволен ден за дружба со роднини, кумови. Уживајте.

Pиби – Соработниците би можеле да ви донесат нови идеи, нови предлози за соработка и подготвени се да се потрудат околу вас. Прифатете помош и поддршка. Период е за преиспитување на вашите релации со партнерот, затоа бидете внимателни со оглед дека и другата страна ве набљудува.