Овен
На почеток нешто не е било по ваша желба, а потоа кога работите тргнале онака како што сакате, сте изгубиле интерес. Се соочувате со луѓе на кои не им е јасно вашето променливо расположение, не знаат како да ви угодат. Бидете фер и уважете ги и туѓите потреби.
Бик
Без оглед на се што сте планирале, бидете подготвени да ги одложите голем дел од активностите. Сте ги прецениле своите можности, па сакале вие или не, ќе бидете принудени дел од одговорноста да ја препуштите на блиските соработници. Искористете го ова за краток одмор.
Близнаци
Не се сигурни во кој правец да продолжите понатаму, па таа дилема може да ви предизвика главоболки. Немате многу време за размислување, морате брзо да делувате. Не дигајте паника, туку размислувајте креативно и послушајте ја својата интуиција.
Рак
Ве мачи атмосферата во домот, па ви се чини дека сите проблеми се неважни. Ви се чини како никој да не ве разбира, затоа што изостанува благодарност за вашиот труд кој сте го вложиле за да им ги исполните желбите. Чувствителни сте.
Лав
Пред вас е напнат период, а најава за тоа стигнува во текот на денот. Вестите кои ги добивате не се поволни, но ако се извлечете и реално добиете комплетна слика, ќе видите дека е во прашање ретка шанса која мора да ја искористите.
Девица
Успешни сте, а некои проблеми ќе се решат сами од себе. Нешто се одвива поинаку од она што сте го навикнале во минатиот период. Бидете отворени затоа што ве чекаат нови проекти и нови познанства.
Вага
Добивате вест за дополнителен приход кој не сте го очекувале. Тоа е доволна причина да се наоружате со нова мотивација и да работите уште подобро. Немојте да се затрупувате преку рационалните можности за на крајот да не ви дојде премногу.
Шкорпија
Партнерот ве провоцира па во афект ви излетува нешто што сте сакале да го премолчите. Се може да кулминира со одлуката од која се плашите. Се наоѓате во незавидна ситуација, не сакате понатаму, но не сакате ниту да прекинете.
Стрелец
Вклучете ги соработниците и направете план на колективна работа. Успехот е можен само на таков начин. Вашата заедничка работа ќе ја обавувате со големо задоволство така што успехот е извесен. Внимавајте на финансиите, ве чека непланиран трошок.
Јарец
Ви се отвора шанса да почнете нешто ново што ќе ви се исплати повеќекратно. Бидете брзи, затоа што целата работа може да излезе од контрола, особено ако во тоа вклучите уште некој. Немојте да го мешате интересот и пријателството за да не останете разочарани.
Водолија
Имате чувство дека никој не ве разбира. Тешко е да се зборува за такви работа кога за себе имате високо мислење. Својата длабока несигурност ја криете зад маската на незаинтересираност, што секако носи кон одбивност дури и од оние лица кои ве разбираат и ве сакаат.
Риби
Незадоволството на љубовното поле ви се заканува да стане причина за сериозна караница помеѓу саканата личност и вас. Правата причина е во тоа што вашиот однос некое време е сведен на допишување и телефонски разговори.
