Oвeн – Ќе имате можност во текот на оваа недела добро да се организирате во прилично опуштена атмосфера и да се подготвите за следниот успешен деловен циклус. Во љубовта мирен ден без навестување за некои значајни промени во однос на претходниот ден. Размислете да бидете повеќе ангажирани во сферата на љубовта.
Биĸ – Се укажува на мирен ден. Не оптоварувајте се со обврски, опуштете се и уживајте во мини-одмор. Сè навестува убав и опуштен ден во љубовната сфера. Изненадете ја вашата сакана со убав знак на внимание.
Близнaци – Близнаците треба да имаат уште еден ден во континуитет за организирани и опуштени активности, по своја волја. Уживајте. На љубовен план би било убаво и пожелно се да биде спонтано, без да се наметнуваат некои теми и сериозни разговори.
Paĸ – Без разлика на потребниот одмор, и денес имате многу обврски низ домот. Веројатно планирате да се дружите со пријателите дома, што најмногу ви одговара. Сите параметри укажуваат на љубовен ден во границите на солидна. Уживајте во вниманието што ви го дава некој близок.
Лaв – Во вториот ден од викендот, на Лавовите ќе им биде корисно малку да се реорганизираат и да си ги одредат деловните приоритети пред почетокот на новата работна недела. Одвојте време, но време е да размислите за подиректен љубовен потег. Само вратете се назад во времето.
Дeвицa – Практично сте подготвени за нови деловни предизвици. Сепак, договорите начелно треба да ги проверите со најблиските соработници за да нема изненадувања. Искористете го денот за дружење, излегување или некоја заедничка активност со саканата личност. Опуштете се.
Baгa – Вагите ќе имаат еден поволен ден, пред се за извршување на рутински подготовки за следниот период, а остатокот од денот посветете го на одмор и релаксација. Неопходно е да дадете свој скромен придонес за некој убав настан. Бидете креативни и изненадете ја вашата сакана со убав предлог за состанок.
Cĸopпиja – Иако оваа недела нема да ги пропуштите обврските, не би било лошо да посветите малку време на одмор и релаксација. Денес од саканата личност треба да очекувате многу пријатно изненадување во љубовната сфера. Потрудете се да возвратите и да уживате.
Cтpeлeц – Доста е солиден ден да ги завршите планираните обврски без некое поголемо форсирање. Овој ден не ви носи некои значајни промени во љубовната сфера. Ако сте задоволни уживајте, ако не сте трпеливи и почекајте поповолен период.
Japeц – На некој од вашите драги пријатели можеби ќе му биде потребна вашата помош денес, па најверојатно денот ќе го поминете во тој ангажман. Нема причина да не го поминете овој ден во мирна и опуштена атмосфера, посветувајќи се со многу внимание на саканата личност.
Boдoлиja – Сите деловни работи треба да бидат цврсто во вашите раце и под контрола и во текот на овој ден. Можете исто така да сметате на помош на пријател или роднина. Ви претстои одличен ден доколку сте планирале дружење со пријателите. Уживајте.
Pиби – Во текот на овој ден пожелно е Рибите да се занимаваат со недовршени работи и да се свртат кон подготовките за нови предизвици. Опуштете се, излезете со саканата личност или уживајте во дружењето со пријателите.
